Руни поради секс скандалот загуби 600 000 фунти

Руни покус за 600 000 фунти што требал да ги заработи рекламирајќи Кока-Кола.






Во голем дел од британските медиуми неодамна беше објавена приказна дека напаѓачот на британската репрезентација Руни, ја изневерил бремената сопруга со проститутка. 


Деновиве секс-скандалот стаса и до американската копманија за газирани и негазирани пијалаци, за која Руни требал да биде рекламно лице во мултимилионски договор.

Сепак, според британските медиуми, претставниците од Кока-Кола се згрозени од одвратното однесување на Руни, и не го сакаат тој да биде идно рекламно лице во својата кампања.


Bookmark and Share Објавена на: 04/10/2010 12:23

 
 

Време

Last update 18/05 22:49