Прасенце го плаќа долгот во локален маркет

Прасето било запленето како највредното нешто што жената поседува

Мало прасе отиде во маркет да го плати задоцнетиот долг кон банката на една русинка.

Судските служби во далечниот источен дел на Русија запленија прасенце од жена која на банката и должи 13.000 рубљи или 432 долари и го дадоа на продажба со цел да си ги вратат дел од парите.

Седум-месечното прасенце ѝ беше дадено на жената за да го чува, но подоцна ѝ беше одземено откако судските служби открија дека прасенцето е највредното нешто што го поседува, истакнаа судските извршители во својата изјава.

Прасенцето било запленето откако жената не ја исполнила обрската побарана од судот, да си го плати долгот во рок од десет дена.

Во овој момент прасенцето-залог, очекува купувач, изјавиле од службата за судско извршување.

Потрожувачките долгови во Русија ја осакатија локалната економија посебно во индустриските и руралните области на земјата, кои се најсиромашни. Мало прасе може да достигне вредност од 10.000 рубљи во Приморие, пацифичкиот крајбрежен регион чиј главен град е Владивосток. 


Bookmark and Share Објавена на: 15/10/2010 10:13

 
 

Време

Last update 18/05 22:49