21-годишната бринета е обвинета дека со вирусот "Зевс-Тројан" крадела пари од банкарски сметки
Занесната руска студентка Кристина Свечинскаја е прогласена за најсексипилната хакерка откако истрагата во САД покажа дека е вплеткана во сајберкриминал и електронски измами. 21-годишната бринета е обвинета дека со помош на лажни пасоши отворала сметки во банки на кои префрлувала пари украдени благодарение на вирусот “Зевс-Тројан”. За ова и се заканува затвор од 40 години.
Кон крајот на измината седмица, обвинителството во САД и ФБИ издадоа соопштение за тоа дека ја откриа мрежата чии припадници се сомничат дека ги олесниле американските, британските и други банки низ целиот свет за околу 35 милиони долари, откако успеале да провалат во сметките на приватни лица и на компании со помош на специјална програма. Поголемиот дел од актерите на оваа група се млади луѓе од Русија, на возраст помеѓу 20 и 26 години, а во САД стигнале со студетски визи.
Покрај Кристина Свечинскаја, вниманието на медиумите го привлече и русокосата Кристина Извекова (22), која измината седмица стана хероина на американските весници како една од “руските убавици кои се занимаваат со шпијунажа и електронски измами”. Плавооката Свечинскаја пред судот во Њујорк при давањето на сиказот се појави расплакана. Полицијата претпоставува дека девојката е заведена од страна на банда сајберкриминалци, кои со помош на вирусот “Зевс-Тројан” влегувале во системите на банките, краделе броеви на сметки, кориснички имиња, лозинки и пин кодови. Украдените пари ги префрлувале на стотина лажни банкарски сметки во сопственост на “курирката”, меѓу кои се двете Кристини. За своите услуги “курирките” добивале процент од профитот. Свечинскаја отворила барем пет сметки под сопствено име, а остантите под лажни имиња Анастасија Опокина и Светлана Макарова. На тие сметки било уплатено повеќе од 35.000 долари, од кои околу 11.000 веднаш се подигнати.