Хрватите навалија на Истамбул заради "Шехерезад"

Огромен интерес за Истанбул со прикажувањата на серијата "1001 ноќ".

Турската сапунска серија “1001 ноќ” што моментално се прикажува во Хрватска, предизвика невиден интерес кај Хрватите за посета на турскиот град Истанбул.

Локалните медиуми јавуваат дека аранжманите на хрватските туристички агенции за градот на убавата Шехерезад се целосно распродадени.


Жителите на Сплит, се едни од најзаинтересираните за посета на Турција и градот каде се одвиваат случувањата во серијата.

“Нема повеќе места ниту за еден термин за патување во Истанбул”, изјавиле од туристичката агенција Генералтурист од Сплит.

Некои од агенциите, мерејќи го пулсот на љубителите на Шехерезад на време организирале чартер летови за Истанбул од Сплит, наместо од Загреб.


“Морам да признаам дека продажбата на ранжманите ги надмина сите очекувања. Очигледно режисерите на серијата ја направиле најубавата разгледница и покана за посета на магичната земја”, изјавила вработена во туристичката агенција “Компас”.


Туристичките агенции истакнуваат дека заинтересираните патници ги бомбардираат со прашања од типот дали во рамки на аранжманот ќе можат да ја видат куќата на мајката на Онур, дали луксузните вили и палати се во програмата и каков е ноќениот живот во градот.  


Bookmark and Share Објавена на: 01/10/2010 10:48

 
 

Време

Last update 18/05 22:49