Новата колекција на Ланвин за H&M е прескапа

Модната куќа „Ланвин“ деновиве ја претстави новата колекција за „H&M“ на широката јавност.

Mодната куќа „Ланвин“ деновиве ја претстави својата колекција на широката јавност. Оваа модна куќа им се придружува на познатите дизајнери и на модните куќи во креирањето на модерни луксузни модели со достапни цени за брендот „H&M“. 

Откако се зборуваше неколку месеци претходно за соработката, деновиве веќе може да се погледне новата колекција.


Колекцијата изобилува со палта, женствени фустани, чевли со панделки, многу набори и асиметрични кроеви. Колекцијата вклучува и класична облека за мажи, во прв ред, елегантни костуми. 

„Дизајнерската работа се сведува на креирање облека за мал број луѓе, но колекцијата за ’H&M’ ќе се потруди да го преведе сонот на луксузот кон обичните луѓе“, изјавува дизајнерот на „Ланвин“, Албер Елбаз, пренесува „Дејли мејл“.

 

Прашањето е колку оваа возбудлива и долгоочекувана колекција ќе биде прифатена, ако се земат предвид цените, кои се значително повисоки од цените на кои се навикнати купувачите на „H&M“. 

Фустаните на „Ланвин“ се над сто евра, нешто што не е својствено за брендот „H&M“, кој стана популарен токму поради ниските цени. Од „Ланвин“ објаснуваат дека се работи за уникатен дизајн, а не копија на луксузот, изведен со квалитетни материјали како волна и свила.


Bookmark and Share Објавена на: 04/11/2010 11:26

 
 

Време

Last update 18/05 22:49