Пет факти што нема да ги дознаете во фризерски салон.
1. „Поскапите производи не се подобри“
Вистината е дека многу од поевтините производи за нега на косата ги содржат истите состојки како и поскапите, само што на пакувањето стои друга етикета. Можеби сите поевтини производи за нега и за зацврстување на косата нема да се покажат како поскапите, но секој економист ќе ни потврди дека плаќаме за марката, а не за производот.
2. „Нема потреба да ги нагласувате прамените секогаш кога одите на потстрижување“
Ако косата ја осветлувате секогаш кога одите да ја потстрижите или, пак, да си направите некоја фризура, ќе добиете ужасно шаренило на главата. Кога ќе ви се појават одрастоци, наместо постојано да ги обновувате прамените, одвреме-навреме можете да ја промените основата и да изгледате променето и посвежо.
3. „Не ви се потребни третмани за регенерирање (обновување) на косата, секогаш кога ќе влезете во фризерски салон“
Иако третманите за обновување на косата се препорачуваат, особено кога косата е оштетена (што е проблем речиси кај секого), сепак претераното „балсамирање“ на косата нема целосно да ни ја обнови. Наместо да подлегнете на притисоците на фризерот дека вашата коса „плаче“ за скап регенератор, инсистирајте за најобичен балсам што оди заедно со шампонот и не седете под фенот подолго од пет минути. Сами ќе се уверите дека нема драстична разлика.
4. „Косата не расте побрзо доколку почесто ја потстрижувате“
Фризерскиот трик дека честото „потстрижување го забрзува растот на косата“, речиси сите го сметаат за вистина. Но, доколку ја растете косата, вистина што не може да се побие е дека таа ќе изгледа поубаво и полелеаво доколку малку ја потскратувате. Затоа, нагласете дека ја растете косата, за фризерот да не ви пресече половина коса кога одите на потстрижување.
5. „Нема потреба да ја миете косата секојдневно доколку ви е виткана“
Витканата или бушавата коса обично е посува од правата што многу брзо се мрси. Затоа, нема потреба уште толку да ја сушите со секојдневно шампонирање, бидејќи и да не ја измиете три дена, никој нема да забележи.