Готје заминува од "Хермес"

Жан Пол Готје заминува од модната куќа Хермес.


ПАРИЗ (АП) - На последниот ден на Париската модна недела Жан Пол Готје ја претстави последната колекција за "Хермес", со што го заврши 7-годишниот ангажман во славната луксузна куќа.

Тешко беше да се одлучи човек каде да гледа, во манекенките облечени во елегантни коњанички модели од еластична кожа или во спектакуларните дресирани коњи кои се прчеа на крајот од пистата.


Моделите во панталони за јавање и корсети во кремаста кожа, со пелерина од антилоп со реси преку рамениците шетаа во јавачки чизми по пистата која изгледаше како јавачка арена со деланки од дрво.

Сите модели носеа шешири како од училиштата за јавање во Севиља, а камшиците влегоа во конкуренција со најпродаваните чанти на овој бренд "кели", кои беа понудени летото во кожена и плетена верзија, за да станат најбараниот моден додаток за сезонава.


Покрај спектакуларното шоу, сите беа по малку натажени поради заминувањето на Готје од "Хермес".
"Жан Пол допринесе многу за модната куќа 'Хермес', лесни модели, нови форми и малку скршување од вообичаеното", изјави главниот извршен директор на брендот Патрик Томас.

"Многу ќе ни недостига".

Готје соработката со "Хермес" ја нарече љубовна приказна. Но, пред новинарите тој изјави: "Како и сите љубовни приказни, и оваа мора да заврши".
Bookmark and Share Објавена на: 08/10/2010 10:45

 
 

Време

Last update 18/05 22:49