Викендов во Минхен почнува на далеку прочуениот Октоберфест.
Годинава на најголемиот пиво-фест во светот домаќините очекуваат голем број посетители од Германија и од светот.
Почетокот на Октоберфест секогаш го означува градоначалникот на Минхен со дупнувањето на првото буре пиво. До крајот на годинешната манифестација ќе се испразнат уште илјадници буриња баварско пиво и ќе се изедат тони колбаси и други специјалитети.
Од големиот настан профитираат сите во градот и околината. Гостите од целиот свет имено купуваат и традиционални баварски носии за оваа посебна пригода. Во продавниците за т.н. дирндл што го носат жените и кусите кожни пантолони за мажите има во меѓувреме не само домашни, туку и продавачки од сите страни на светот - исто како и муштериите.
Последните години Октоберфест прерасна и во еден вид модна ревија, во која се вклучуваат и многу славни личности од светскиот џет-сет. Тоа што некои модели имаат дури сосема мала сличност со традиционалната носија, не им пречи на домашните.
„Не мора секој се да гледа. Секој се радува еднаш во годината да слави овде и сите имаат големи надежи поврзани со Октоберфест.“
Надежите на мнозинството се поврзани со нови возбудливи познанства или флертови. За тоа сите се подготвуваат и се дотеруваат најдобро што можат и се надеваат дека на Октоберфест ќе поминат неколку незаборавни денови, а можеби и ноќи.