Јахтата на Роман Абрамович вчера пристигна во Ровињ.
Најшироката и најлуксузната јахта на светот е вкотвена во марината во Ровињ, Валдибора. Се работи за јахтата "Луна" на рускиот тајкун Роман Абрамович. Долга е 115 метри и има четири различно уредени палуби. Заради својата рекордна должина и интересен дизајн, како и многуте содржини, специјализираните магазини на ја прогласија за најлуксузна на светот.
"Луна" има права телекомуникациска кула што е толку софистицирана што со неа може да се комуницира со било кое место и во било какви временски услови. На првата палуба има голем базен и многубројни места за сончање, а за гостите се достапни два хеликоптера при пристигнувањето и заминувањето. Роман Абрамович во април оваа година лично ја земал "Луна" од норвешкото бродоградилиште Stahlbau Nord. Ова е нејзино прво пристигнување во хрватскиот дел од Јадранското Море.
Не е познато дали Абрамович ќе прстојува со Луна во Ровињ, како и дали е со некој од неговите гости.