Белгиска фамилијарна пиварница го произведен првото пиво превриено на есенска полна месечина.
Полната месечина често е поврзувана со плиматските промени, лудило и суштества како што се врколаците, но изгледа дека полната мосечина е исто така добра и за правење пиво
Во Перувелц, мал град јужна Белгија, фамилијарна пиварница го произведен првото пиво превриено на есенска полна месечина.
Не е толку поклонување на митологијата колку што е препознавање на влијанието на природата врз науката на превривање на пивото.
“Направивме неколку тестови и забележавме дека ферментацијата беше посилна и поактивна,” објаснува Роџер Кулиер, сопственикот на Кулиер Пиварницата, која постои од 1930 година кога неговиот дедо почнал да продава пиво направено дома.
“Завршниот производ беше сосема поинаков, посилен, а вкусот во устата се задржуваше многу подолго,” вели Кулиер.
Полната месечина го забрзува процесот на ферментација, скратувајќи го од седум на пет дена, му додава на пивото дополнителен вкус без притоа да го направи поостро, според зборовите на познавачите.
Конечно избаласираното жолто-златно пиво има 10% алкохол по волумен, екстремно е силно според повеќето европски и американски стандарди, но сосема вообичаено за Белгија, каде повеќето од пивата имаат 10 до 12 % алкохол.
Кулиер Пиварницата, која што користи методи уште од 1840 година и е добро позната по своите пива, планира да произведе 12 000 шишиња од своето пиво на полна месечина, наречено Paix-Dieu (Peace-God) и ќе излезе во продажба на 31 октомври.
Кулиер процесот на правење го развил во 9 чекори, вклучува два вида на хмељ и користи двонеделен процес на ферментација внатре во шишето.
Како човек што припаѓа на третета генерација на правење пиво во семејството, Кулиер е фасциниран од науката позади овој процес, но сепак не ги потценува митските аспекти на полната месечина. Многу фармери се убедени дека месечина влијае на квалитетот на нивните производи.