Модната недела во Дубровник оваа година лансираше и мулти-дисциплинарна платформа.
Оваа година модната недела во Дубровник го лансираше SENSOR, креативна, мулти-дисциплинарна платформа која го поттикнува и овозможува развојот на прогресивната мода, современиот дизајн, визуелните и звучни уметности како и нови форми на дигиталните уметности. Модната недела соработуваше со градот Дубровник, неговите галерии и музеи сп цел да се претстават и изложат новите уметници и креатори во модерни опкружувања, како и на различни историски локации.
Модната недела во Дубровник ја посетиле над 12 илјади посетители, каде што учествувале 34 артисти и дизајнери од 14 земји. Во текот на четири дена се одржани над 25 изложби и претстави.
За време на траењето на оваа модна недела, им е дадена можност на многу самостални и групни авторски изложби од различни профили, а програмот започнува со модата, нови филмски изразувања и уметнички правци, се до аудиовизуелни и интерактивни исталации, производен и графички дизајн, илустрации и фотографски изложби, како и низа музички случувања.
Овој проект како и модната недела нуди семинари, работилници, сесии со уметниците, програми за уметнички разменувања и слични настани.