Го платиле за 12, а го продале за 240 милиони евра

Го продале за 240 милиони евра и со тоа станале претенденти за Гинисовата книга на рекорди.

Пентхаус со површина од 5334 квадратни метри во Монако, бил откупен од браќата Кристиан и Ник Кенди за 12 милиони евра. 

 

Луксузниот стан го продала Лили Сафра, сопруга на мистериозно починатиот банкар Едмонд Сафра, кој починал од пожар во тој стан, пишува Daily Mail. Се верува дека станот од браќата кои се британски трговци со недвижнина, бил откупен од шеик, односно дека се работи за инвеститор од Блискиот исток.


Лили Сафра од нејзиниот сопруг наследила 3 милијарди ера, а "проклетиот стан" го продала без размислување за смешна цена од 12 милиони евра. Минатата година Кристиан во едно интервју кажал дека тој и неговиот брат вложиле во станот повеќе од 30 милиони евра, со цел да го направат станот најпосакувана недвижност во светот.


Убавиот поглед, терасите, базенот и библиотеката на два спрата се само еден мал дел од овој луксуз. Во него има џакузи, билијард, соба за игри, како и спа центар. Целиот стан е обезбеден со најнова технологија, а има и "соба за паника" која е со сигурносни стакла.


Bookmark and Share Објавена на: 14/09/2010 13:15

 
 

Време

Last update 18/05 22:49