Почина легендарниот Џо Кокер

ПОЧИНА УДО ЈИРГЕНС: Добил срцев удар додека се шетал

КОНЦЕРТ ЗА ДУША: Етно, џез и поезија на дланка со „Љубојна“ (ГАЛЕРИЈА)

Два концерти на „Љубојна“ во Универзална сала

11/08/2013 - 11:59

СТРУМИЦА: 500 игроорци од Балканот заиграа на „Македонско девојче“

Струмица во следните неколку дена ќе ужива во културните настани од „Опен фестивалот“

Над 500 играорци од 15 културно-уметнички друштва од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и од Бугарија синоќа во Струмица заеднички го одиграа најголемото оро „Македонско девојче“, со што го означија почетокот на вториот по ред „Струмица опен фестивал 2013“.

Добредојде на гостите и многу забава на струмичани во текот на наредните десет дена им посака градоначалникот Зоран Заев.

- Имаме гости од многу краишта на Балканот. Го видовме големото балканско оро, на коешто учествуваа во народна носија повеќе од 500 гости и уште толку граѓани се придружија – рече Заев на отворањето на фестивалот.

Наредните денови се резервирани за повеќе културни настани, како што се поетски читања во паркот, вечер на Меѓународната струмичка ликовна колонија, Трка на келнери, ликовно цртање на плоштадот, на кое се очекува локалниот ликовен работник Митко Тошев, во природна големина да ги наслика Влатко Илиевски и Горан Пандев и други настани.

Финалните вечери, односно следниот викенд, „Опен фестивалот“ ќе бидат одбележани со настапот на Северина, Жељко Самарџиќ, Бора Чорба, Суперхикс, Кирил Џајковски и други естрадни уметници.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*