Преглед на најдоброто и најновото во светската кинематографија - тој концепт и годинава остана печат на Солунскиот филмски фестивал. Уште побитно, и покрај економско-политичката криза, го реализираше со успех

Со проекцијата на рускиот филм "Портрет во самракот" на младата режисерка Ангелина Никонова во неделата, 13 ноември, во Солун заврши 52-рото издание на Интернационалниот филмски фестивал. Филмот на Никонова е победнички насловж жо интернационалната натпрежаружаи'ка конкуренция од 15 филмови (во кои влегуваат први и втори дела на авторите) и добитник на Златниот Александар (паричната награда од 20.000 евра).
Според мислењето на интернационалното жири, годинава предводено од Лоренс Кардињ, главниот куратор за филм во престижниот њујоршки Музеј на современата уметност, Сребрениот Александар (и парична награда од 10.000 евра) оди кај чешкиот автор Вацлав Кадрнка за неговиот наслов "Осумдесет писма", додека, пак Бронзениот Александар (и 5.000 е вра), специјална награда за оригиналност и иновативност, кај колумбискиот режисер Алехандро Ландес за неговиот филм "Порфирио".
МНОГУ НАГРАДИ Традиционално има уште награди на солунскиот фестивал. Одофициялните награди, американскиот автор Марк Ьексон ја доби наградата за најдобра режија, британскиот режисер Ьон Мекилдаф ја доби за неговото сценарио, најдобра актерка е Стефанија Ьулиоти од грчко-португалско-турско-македонско-холандската копродукција Ьејс на Менелаос Карамиволис, најдобар актер е Вотан Вилке Меринг од данскиот филм"Оган" на Бригите Марија Бертеле, додека, пак, наградата за уметнички дострели отиде кај старата познаничка на солунскиот фестивал, продуцентката и актерка Ронит Елкабец, за нејзиниот ангажман во израелскиот филм "Поплава", режиран од Гај Натив.
Наградата на интернационалното здружение на филмските критичари ФИПРЕСЦИ, предлодено од Тереза Брдечкова, отиде кај "Осумдесет писма, додека во конкуренцијата на грчки филмови кај "Градот на децата" на режисерот Јоргос Гикапепас. Никонова ја доби и наградата (3.000 евра) на грчките филмски критичари, додека, пак, наградата за човечки вредности на Собранискиот канал на Националната грчка телевизија (во висина од 7.500 евра) кај канадскиот филм "Ромео 11", режиран од Иван Грбови}.
Еден од спонзорите на фестивалот, францускиот пивски бренд "Фишер", доделува по 3.000 евра за победниците во четири селекции, избрани со гласовите на публиката. Така, победник во интернационалната компетиција е израелскиот "Поплава", во селекцијата на грчки филмови е "Супер Деметрио" на Јоргос Папајоану, во Балканскиот преглед (во кој учествуваше и нашиот "Панкот не е мртов" на Владимир Блажевски) победник е српскиот наслов "Непријател" на Дејан Зечевиќ, додек пак во програмата Отворени хоризонти победник, според вкусот на публиката е "Тираносаур" на британскиот филмаџија Педи Консидајн.

НОВИ ИМИЊА Настрана од сите политички и економски драми последниве десеттина дена во Грција, Солунскиот фестивал понуди уште еден преглед на дел од најдоброто во филмот изминатаваа година, ги претстави новите трендови во европската и светската кинематографија, и во согласност со неговиот фокус на нови автори во натпреварувачката селекција, лансираше неколку нови имиња. Никонова нејзината сторија ја базира на хипокризијата на модерното руско општество: нејзината хероина има ужасен ден, исполнет со неочекувани неволји меѓу кои е и грабежот и силувањето од страна на тројца полицајци, но таа решава сето тоа да го премолчи, кога се враќа кај нејзиниот сопруг. Топлиот дом пред се и над сее', како во советите на малограѓанските семејства. Чешкиот филм "Осумдесет писма" говори за времето пред самиот пад на комунистичкиот режим во оваа земја, кога мајката и нејзиниот мал син се обидуваат да го препливаат бирократското море од документи, дозволи и што уште нее', за да отидат кај нејзиниот сопруг во Англија. Додека, пак, еден од фаворитите за главната награда, колумбискиот наслов "Порфирио", е микс од игран и документарен жанр: неговата сторија говори за вистинскиот лик Порфирио Рамирез, човек кој во почетокот на деведесеттите бил застрелан од полицаец и откако по цела деценија и пол не успеал да добие отштета за неговиот инвалидитет (тој е парализиран), прави неуспешен обид да грабне авион за да го сврти вниманието врз неправдата која му е нанесена...
Во минатиот рапорт од Солунскиот фестивал ги споменавме филмот на отворањето "Потомците на Александар Пејн", како и руските "Фауст" на Сокуров и "Елена" на Звјагинцев, како и француските адути ("Детето со велосипед" на браќата Дарден, "Туѓ ѓавол" на Бруно Димон, "Бунтовник" на Матје Касовиц...) на годинешното издание. Фестивалски филм на затворањето беше американскиот наслов Марта Мерси Меј Марлин на Џон Даркин, сторија за ултимативното себепронаоѓање на една бивша харизматична моделка и нејзинито соочување со новата реалност во која запаѓа.
НАСЛОВИ Меѓу 300-тината наслови кои за десет дена беа прикажани на 52-рото издание, сигурно дека има филмови и жанрови за сечиј вкус. Меѓу фестивалските посетители традиционално има суптилна поделеност на групи гледачи кои афилираат кон одредени селекции, што е не само разбирливо, туку и нужно во толку голема понуда. Но, има наслови кои го завреднуваат општото внимание, некои заради извиканоста на неговиот автор, некои заради новата визија која ја нудат. Ако во првата групација сигурно спаѓаат познатите и наградувани автори како Сокуров, Димон, Касовиц или браќата Дарден, тогаш во новите откритија, освен филмовите од натпреварувачката селекција, спаѓа и аргетинскиот филм "Студент" на Сантијаго Митре - во неговата сторија главен лик е Роке, младиот дојденец во Буенос Аирес, чија амбиция за успех наоѓа простор во студентските политички здруженија. Но, освен него има и цела една галерија од ликови кои се втурнати во релации од корист и остварувањето на брз успех во општеството...

Негов антипод можеби е наградениот "Ромео 11" на Канаѓанецот Грбович: обидувајќи се да побегне од бојата на кожата и името кое го издава неговото арапско (христијанско) потекло, еден млад жител на Монтреал се обидува да биде среќен претставувач и со романтично име (Ромео) и атрактижна професија (топ-менаџер) на социјалните мрежи. Но, кога ќе дојде време за директна средба со заинтересираната девојка, не може да побегне од неговиот физички хендикеп, семејното и социјалното милје од кое потекнува.
Таа неможност на бегството од судбината на инаков, многу посуров и покрвав начин, е прикажана во српскиот филм "Непријател" на Зечевиќ. Група српски војници во БиХ, една недела по Дејтонското примирје, имаат задача да го разминираат подрачјето кое го контролираат. Метафората дека страдаат од мините кои претходно самите ги поставиле е очекувана, но не и ситуираноста на сторијата во една по малку мистична рамка, во која главен лик е човеколикото отелотворување на ѓаволот, кој ги тера неговите чувари да се соочат со нивните заблуди, стравови и мечти.
ФОНД Солунскиот фестивал веќе подолго време акцентира дел од неговите случувања наменети за филмските професионалци. Пред 8 години го покрена Балканскиот филмски фонд и средбите на продуцентите, а од минатата година тоа е сублимирано во Агора/Маркет како фестивалски сегмент. Десетици автори и продуценти од Европа, САД, Јужна Америка, Израел, азиските земји... и годинава беа присутни во Солун во потрага по модел и играч со кои би ја затвориле финансиската конструкција на посакуваниот проект. И да нема конкретен успех на фестивалот, сеедно, тие сепак влегуваат, што би рекле, во тефтерот, па ваквото искуство им носи печат кој во иднина им помага. Така, на пример, "Панкот не е мртов" минатата година беше на овой маркет во потрага по партнер за постпродукцијата, а годинава беше селектиран во Балканскиот преглед.
Во секој случај, фестивалско издание беше на висина на професионалноста и организираноста, и покрај нерешените економско-политички проблеми кои последнава година ги има Грција.