На 21 Ноември во Скопје ќе се одржи Вториот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон
На 21 Ноември во 19 часот во просториите на Европска Канцеларија во Скопје, ќе се одржи Вториот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон. Фестивалот ќе се одржи со подршка на продуцентската и дистрибутерска куќа КТ Филм и Медиа, Словачка амбасада и Главниот спонзор компанијата ОНЕ.
На конкурсот кој е отворен од денес, може да учествува секој кој ќе испрати филм снимен на мобилен телефон до 18 Ноември оваа година. Освен многу вредни награди, Вашиот филм може да биде селектиран и да учествува на некој од најреномираните светски фестивали на филмови правени на мобилен, бидејќи Мобил Фестивал стана дел од мрежата на Pocketfilm фестивали. За условите прочитајте на сајтот на фестивалот mobilefestival.net.
Условите за пријавување и испраќање на филмови за учество во официјална конкуренција се достапни на страната на Мобил фестивал www.mobilefestival.net.
Пристигнатите филмови ќе бидат селектирани и оценети од жири комисија составена од: Блаже Дулев-продуцент, Атанас Кировски- новинар и Сашо Мацановски -Трендо – публицист и директор во ОНЕ.
Главната награда за најдобар филм „Лале“, е посветена на Ратка Илиевска – Лале, човекот што сиот свој живот го посвети на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше огромен број филмаџии, писатели, уметници.