Независна Македонија низ призмата на филмот

Филмови снимени во независна Македонија.

Кинотеката на Македонија со проектот „Македонскиот филм во 20 год. независна Македонија“, го одбележува јубилејот од независноста на Македонија со прокции на сите македонски играни филмови снимени во тој период.

Во мај, кинотеката прикажа дел од овие филмови, а ќе продолжи и во септември, поточно од 17 септември.
Кинотеката состави селекција од шест филмови кои ќе бидат прикажани низ десетина градови низ Македонија, која беше прикажана во Кочани, Свети Николе и Струга, а во септември ќе се прикажува во Радовиш, Пробиштип, Прилеп и Битола.

Во Белград, на седми овој месец, Кинотеката на Македонија во Музејот на југословенската кинотека ќе го започне циклусот на современи македонски филмови „Денови на македонската кинотека - Македонскиот филм во 20 години независна Македонија“, во соработка со македонската амбасада.

На отворањето ќе биде прикажан филмот „Македонија во слики“, снимен по повод 20-годишнината од Илинденското востание и симболично се надоврзува на јубилејот кој го славиме - 20 години независност.

По оваа проекција, настанот ќе продолжи со проекција на филмот „Бал-кан-кан“ во режија на Дарко Митревски, а во следните шест дена ќе бидат прикажани и „Тетовирање“, „Преку езерото“, „Прашина“, „Гoлемата вода“, „Превртено“ и „Јас сум од Титов Велес’.

На манифестацијата ќе присуствуваат Игор Старделов од Кинотеката на Македонија и Владо Јовановски - главниот актер во филмот на отворањето, кој во „Бал-кан-кан“ пружи извонредно актерско остварување.

Воедно, на отворањето на Деновите на Македонската кинотека, на актерот Мето Јовановски ќе му биде доделена плакета за врвни дострели на полето на филмот и актерството.

Bookmark and Share Објавена на: 05/09/2011 12:51

 
 

Време

Last update 18/05 22:49