Бугарскиот „Истрага“ со Лабина Митевска во „Фросина“

Бугарскиот филм „Истрага“ на режисерката Иглика Трифонова од синоќа почна да се прикажува во киното „Фросина“ во МКЦ

Филмот е од 2007 година и во него играат Светлана Јачева, Красимир Доков, Дејан Донков и нашата актерка Лабина Митевска. Приказната го следи текот на истрагата низ призмата на неговата основна тема - неможноста на меѓучовечката комуникација.

„Истрага“ е цврст машки филм, како што вели неговата продуцентка Росица Влканова. Тоа е многу мачен филм, направен со суптилност, а ја прикажува затскриената емотивна борба на една инспекторка, која е назначена да го извлече признанието од осомничениот дека го убил својот брат и податокот каде ги закопал деловите од неговото тело.

Bookmark and Share Објавена на: 01/09/2011 12:39

 
 

Време

Last update 18/05 22:49