Косово спремно да им понуди автономија на Србите на север?!

Американски велепратеник на Косово, Кристофер Дел, изјавил дека од премиерот на Косово чул дека постои подготвеност кај владата во Приштина за некој вид автономија за северот на Косово, населен претежно со Срби.


“Го чув премиерот Тачи еднаш јавно и неколку пати во приватни разговори како вели дека е подготвен на креативен начин да ги разгледа начините под кои би се почитувала специфичната природа на северот на Косово, имајќи на ум дека во Европа во 21 век има место за специјален статус” – изјавил американскиот велепратеник во Приштина.  “Можеби статус е погрешниот збор за посебно место во една регија, во склопот на една земја” – додава Дел.


Американскиот велепратеник наведува дека мисли на уредување какво што постои во Белгија, Јужен Тирол во Италија и во многу други зони низ Европа.  Дел додава дека тоа е сепак прашање за кое треба да се договорат Косово и Србија.


Партиите на Косово побарале да им биде подетално објаснет овој став на Дел, на што заменикот на косовскиот премиер, Хејердин Курти, ја отфрла можноста за специјален статус за северот на Косово да биде прифатен како опција, изјавил дека треба да се причека велепратеникот Дел да се врати во Косово од одмор за да ја разјасни својата изјава.

Bookmark and Share Објавена на: 28/07/2010 13:22