Катастрофа во породилиштата во земјава

10 години без надзор за породилиштата, опрема нема, персонал нема...



Санитарен инспектор, претставник од Министерството за здравство и неонаталог минатиов период биле во обколка на породилиштата во државава.  Било забележано дека условите во нив се на најниско ниво, веќе десет години нема никаков надзор над нив, а објектите во кои се сместени се стари.  Станува збор за навистина деликатна гранка од здравството, а причина за направената обиколка беше зголемениот број на смртни случаи на родилки и бебиња.


Како најкритични се посочуваат породилиштата во Штип и Велес.  Најалармантно е во болницата во Штип која воедно е и регионален центар.  Таму работат само двајца гинеколози, а неопходни се минимум седум,  вели проф. д-р. Гордана Адамова, претседател на Националниот комитет за стручен надзор на гинеколошко акушерските одделенија.  Лоши се условите и во велешкото породилиште кое има само еден ултразвук и еден кардиотокограф, а во Чаир наместо со 30, работат со 12 гинеколози.


За подобрување на санитарно- хигиенските услови во породилиштата, нивно доопремување и регионализација.


“Изминатите 20 години не е направен ниту еден стручен надзор на родилиштата во земјава. Немало никаква контрола во какви услови се прават породувањата и каква е стручноста на лекарите” – велат експертите.


Комитетот за безбедно мајчинство на Владата и предлага нова стратегија.  Нема да се стави клуч на на ниту едно породилиште, но се најавува од септември да се почне со протоколи според кои матичните гинеколози ќе мораат да водат бременост кај една жена.  Скрининг тестирањата за разни аномалии и оштетувања кај бебињата се најавува да бидат на товар на Фондот за здравство, а една од мерките со кои докторите предлагаат да се зголеми заштитата на здравјето на жената е и да се казнуваат жените кои во текот на бременоста нема да одат да задолжителни прегледи.  Експертите предлагаат да се воведе континуирана медицинска едукација, одржување работилници за примарната здравствена заштита за матичните гинеколози и зголемување на едукацијата на жените, 


Акцент се става и на зголемувањето на ефикасноста на патронажната служба.  Од Институтот за јавно здравје велат дека до владата веќе се испратени барања за 38 возила за патронажната служба и за 400 патронажни сетови, опрема неопходна за да се посети секоја родилка и новороденче.

Bookmark and Share Објавена на: 27/07/2010 22:30