Храна која ќе го “убие” целулитот

Борбата проив целилитот е навистина макотрпна и долготрајна, па затоа ви препорачуваме уште веднаш да почнете да работите на промена на некои ваши навики, кога станува збор за исхраната.


Вода. Секоја диета препорачува пиење на околу 2 литри вода секој ден.  Практикувајте го ова правило, но не заборавајте дека водата се внесува и преку исхраната.  Со помош на лубеница, јаболка, краставици, полесно ќе се постигнете дневната доза од 2 литри, затоа што тие и многу други плодови и зеленчуци се богати со вода.  Докажано е дека жените кои внесуваат повеќе вода преку овошјето и зеленчуците имаат потенка половина отколку жените кои ја внесуваат водата само преку течности.


Храна богата со лецитин, амино киселини, есенцијални масни киселини, антиоксиданси е одлична за подобрување на здравјето, еластичноста и изгледот на кожата.  Најдобри продукти:

Јајца, соја, карфиол, путер од кикирики, спанаќ (лецитин);

Лененово семе, маслиново масло, јаткасти плодови, мрсни риби (масни киселини);

Грејпфрут, портокал (антиоксиданси, полифеноли, амино киселини).


Витамин Ц.  Моќниот витамин Ц се асоцира со синтезата на колаген кој ја подобрува еластичноста на кожата и го прави целулитот помалку видлив.  Покрај тоа, американско истражување потврдило дека овој витамин помага за согорување на 30% повеќе масти во текот на вежбањето, па затоа, секојдневно внесувајте 75mg витамин Ц.  Освен витамин Ц, внесувајте и доволно витамин А и витамин Е.


Свежи зеленчуци и овошје и свежо цедени сокови.  Нема ништо подобро од консумирањето на свежа храна. Не купувајте замрзнати зеленчуци и избегнувајте колку што е можно каков и да било метод на готвење.

Bookmark and Share Објавена на: 27/07/2010 12:58