Во американската војска забележани 160 самоубиства, најмногу во Ирак и Авганистан
Во извештајот на Војската на САД се наведува трендот на пораст на самоубиствата се поклопува со порастот на употреба на наркотици меѓу војниците, како и возењето во алкохолизирана состојба.
Заменик шефот на генералштабот, Питер Кјарели, изјавува дека статистиката покажува дека со употребата на дрога и алкохол се зголемува ризикот бидејќи со тоа опаѓа и дисциплината.
Во извештајот исто така се наведува дека офицерите често пати не сакаат да реагираат на воочените назнаки на проблемите и дека ги игнорираат, за да ги извршат своите поставени задачи на време.