“Опиен сум од возбуда поради оваа прилика. Знам дека глумците кои снимаат музика го прават тоа со одреден ризик, но ветувам дека никој нема да биде повреден” – изјави британскиот глумец Хју Лори, кој потпиша договор со дискографската куќа Vorner music entertainment.
Наспроти совршениот американски акцент во серијата Доктор Хаус, Лори е повеќе годишен припадник на британскиот актерски естаблишмент, покрај другото познат и по улогата во серијата Blackadder. Пред три години доби и титула витез на редот на Британското царство.
Како доктор Хаус, во истоимената серија, Лори често пати свири клавир и гитара. Како што наведува неговата издавачка куќа, Лори сам научил да свири клавир поради “креативните разлики” во однос на учителот по клавир во детството.
На почетокот на месецов Лори доби петта номинација за Еми награда за улогата на доктор Хуас.