Грчкиот парламент го усвои новиот буџет

Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2012 година, којшто би требало конечно да ја потврди посветеноста на земјата за примена на непопуларните мерки за штедење, на што инсистира Европската унија во замена за дополнителна финансиска помош.

Мнозинството на пратениците од двете водечки партии во владата на премиерот Лукас Пападимос, социјалисти и конзервативци и нивните коалициони партнери од крајната десница, го поддржаа синоќа новиот буџет.

Буџетот за 2012 година предвидува пад на буџетскиот дефицит на Грција на 5,4 отсто од бруто домашниот производ од девет отсто од оваа година, додека претходната прогноза за 2012 година изнесуваше 6,8 отсто, а границата на ЕУ е одредена на три отсто.

Oвој план се базира на претпоставката дека грчката економија следната година ќе забележи негативен раст од минус 2,8 отсто, што е повеќе од претходната прогноза за 2012 од 2,5 отсто, но сепак е многу подобар резултат од очекуваниот пад од 5,5 отсто за оваа година, трет во грчката рецесија.

Bookmark and Share Објавена на: 08/12/2011 08:44

 
 

Време

Last update 22/02 19:53