Бугарската и американската полиција разбија мрежа на измамници кои краделе пари од сметките на клиентите во неколку банки во САД, соопшти денеска бугарското МВР.
Притоа биле уапсени тројца бугарски хакери на возраст од 28 до 36 години Тие на клиентите во американските банки им испраќале веб страници, преку кој успевале да го откријат нивното корисничко име и лозинка, по што им ги празнале сметките.
Во акцијата покрај бугарското одделение за борба против организиран криминал, учествувало и американскиот Федерално истражно биро (ФБИ).