Бугарските цариници заплениja 30,5 килограми хероин на границата со Романија.
Бугарските цариници заплениja 30,5 килограми хероин на границата со Романија, соопштија денеска властите во Софија.
Во соопштението на бугарските царински служби се наведува дека 60 пакети хероин биле сокриени во автомобил кој се качил на траект на линијата Видин (Бугарија) до Калафат (Романија).
Бугарија е транзитна земја за хероин наменет за европскиот пазар и бугарските цариници секоја година запленуваат околу еден тон од дрога.