Минаре изнајмено за предавател

ХТ-Мостар поставил антена за мобилна телефонија на минаре


Компанијата Хрватски телеком од Мостар (ХТ-Мостар) поставила антена за мобилна телефонија на минарето од џамијата Табачица, сместена во центарот на стариот град во Мостар, што е невообичаен деловен потег договорен со претставниците на локалната исламска заедница, пишува „Дневни аваз“.

Весникот наведува дека многу од жителите на Мостар биле силно изненадени кога ја виделе антената на минарето од една од најстарите џамии во градот, но подоцна се покажало дека во тој деловен аспект нема ништо незаконски.

„За поставување на антената потпишавме договор со меџлисот на исламската заедница во Мостар“, изјавил портпаролот на ХТ-Мостар, Вања Гавран.

Тој објаснил дека компанијата „Сименс“ која ја поставила антената на минарето, не изведувала никакви дополнителни работи за коишто би била потребна градежна дозвола,  и дека засега во тек е пробната работа, за да се изврши проверка на нивото на електромагнетното зрачење,  да се извадат постојаните дозволи.

Меѓутоа, ова било оценето за спорно во агенцијата која се грижи за заштита на споменичната целост на стариот дел од Мостар, популарниот Стар град. Директорот на агенцијата, Миралем Фајиќ вели дека веднаш била повикана федералната инспекција која ги извршила проверките и имајќи предвид дека станува збор за урбана средина која е под строга заштита на УНЕСКО, издала налог антената да биде отстранета.

Bookmark and Share Објавена на: 02/06/2011 10:43

 
 

Време

Last update 18/05 22:49