Милионски грабеж во центарот на Бања Лука

Четворицата маскирани разбојници ограбиле банка и од трезорот однеле за сега неутврден износ на пари.


Обвинителството во Бања Лука потврди дека четворица маскирани разбојници ограбиле Комерцијална банка која се наоѓа во центарот на овој град и дека од трезорот однеле за сега неутврден износ на пари, а потоа избегале во непознат правец.

Според неофицијални информации на медиумите од трезорот разбојниците успеале да однесат околу еден милион евра.

Разбојниците пред банката стигнале во бело комбе со ознаки на Агенцијата за обезбедување „Алфа секјурити“. Извор кој инсистирал на анонимност за агенцијата Срна изјавил дека разбојниците пред банката стигнале во 7:41 часот, а заминале во 7:43 часот, што значи дека грабежот бил изведен за само две минути.

Началникот на Центарот за национална безбедност, Дарко Ќулум на прес конференција изјави дека се уште не е утврдена точната количина на пари која ја однеле разбојниците.

Полицијата на Република Српска трга по разбојниците. 

Bookmark and Share Објавена на: 03/06/2011 10:10

 
 

Време

Last update 18/05 22:49