Како се зголемува наталитет

За старите ергени 3000 евра од буџетот доколку се оженат

Градското собрание на Јогодина со цел зголемување на наталитетот, донесе одлука на новите сопружници, каде барем едниот е постар од 38 години, при стапувањето во брак да им додели еднократна помош од 3000 евра.


Дополнителни услови да се добие буџетската помош се, добивателот на помошта, постариот сопружник да е роден и десет години непрекинато да живее на територијата на Јагодина, склучениот брак мора да трае најмалку 5 години и во тој период сопружниците мора да имаат иста адреса на живеење. 


Од оваа брачна заедница во период од пет години мора да биде родено најмалку едно дете, а сопружниците пред склучување на овој брака не смеат да имаат деца од вонбранчни врски и да не биле во вонбрачна заедница. Сето ова ќе биде онтролирано од службеници на градскиот центар за социјална работа и шефовите на месните канцеларии за Градската управа.


Доколку дојде до престанок на брачната заедница пред истекот на петте години и нема потомство, сопружниците се должни да ги вратат добиените пари со камата.


Bookmark and Share Објавена на: 22/12/2010 14:58

 
 

Време

Last update 18/05 22:49