Тадиќ во историска посета на Вуковар

Тадиќ и Јосиповиќ ќе ги посетат местата на злосторствата





„Длабоко симболичен гест“. Вака хрватските политичари го доживуваат денешното пристигнување на српскиот претседател Борис Тадиќ на Вуковар, Хрватска, местото каде што беше најкрвавата епизода од граѓанската војна во поранешна Југославија. 


Пред меморијалниот комплекс Овчара, српскиот претседател и неговиот домаќин, претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ ќе положат венци во сеќавање на 200 хрватски затвореници кои беа егзекутирани од страна на српските сили. Потоа на агендата е селото Паулин каде беа убиени 18 српски цивили. 


Десничарските хрватски организации најавија мирни протести, исто како и групи ветерани од војната бидејќи според нивно мислење, Тадиќ „сака да го избегне целосното и безусловно извинување за српските дејствија“. 

Bookmark and Share Објавена на: 04/11/2010 10:08

 
 

Време

Last update 18/05 22:49