Украдени 320 килограми злато

Во царинско складиште во Софија украдено злато, сребро и платина.




Во царинско складиште во Софија украдени се 320 килограми злато, 20 кг. сребро и килограм платина, соопшти министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов на државната телевизија.


Како што пренесе Хина, благородната стока била запленета во август кога беше разбиен бугарски ланец на криумчарење, а била наменета за турскиот пазар.


Алармниот систем во складиштето бил исклучен.

Златото и другите благородни материјали биле чувани ви складиштето бидејќи требало да служат како доказ во судењето против петмина кои учествувале во криумчарењето.


Bookmark and Share Објавена на: 19/10/2010 11:36

 
 

Време

Last update 18/05 22:49