Санадер даде заклетва во Саборот

Поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ, Иво Санадер кој го активираше пратеничкиот мандат, даде заклетва денеска во Саборот.



ЗАГРЕБ, Хрватска -- Парламентарната комисија за мандати и имунитет во средата (20-ти октомври) го одобри барањето на поранешниот премиер Иво Санадер да му биде реактивиран мандатот на пратеник.

Тој треба да се врати во парламентот в петок. Санадер неочекувано поднесе оставка на премиерската функција минатиот јули.

 

Тој беше избркан од поголемата партија во владејачката коалиција, Хрватската демократска заедница, кога за првпат навести дека е можно да се обиде да се врати во јануари.

 

Според извештаите на локалните медиуми, тој и понатаму има блиски врски во редовите на ХДЗ, што може да му даде индиректно влијание врз процесот на носење одлуки. Реактивирањето на неговиот мандат, исто така, му нуди имунитет, додека се актуелни обвинувањата за корупција.

 

Парламентарната комисија, исто така, го одобри барањето на поранешниот шеф на царинската служба Младен Баришиќ за активирање и итно одземање на неговиот мандат на член на парламентот. Баришиќ беше уапсен претходно овој месец и беше обвинет за корупција, злоупотреба на службената должност и незаконско посредување.

Bookmark and Share Објавена на: 22/10/2010 12:14

 
 

Време

Last update 18/05 22:49