Воспоставен е контакт!
Не сме сами. Името на ѕвездата е Глиес 581г, планета која е откриена неодамна и декларирана е не само како населива, туку и со стопроцентна сигурност дека содржи облик на живот. Сега, според последните откритија, од оваа локација во космосот испратен е вонземски комуникациски сигнал. Научниците и не се толку многу изненадени...
Научниците пресметаа дека Млечниот пат содржи 200 милијарди ѕвезди и ако 10 до 20% од нив содржат некој облик на живот, тоа значи дека во галаксијата постојат некои 40 милијарди планети кои се погодни за живот. Истражувачот и писател, Теренс Ејм, во својот текст тврди:
“Научниците објавија за вонземскиот сигнал испратен од екстрасоларната планета Глиес 581г”, а познатиот австралиски астрофизичар Др. Рагбир Батал, од Универзитетот на Западен Сиднеј, изјави: “светлосните пулсови кои беа откриени во декември 2008 година потекнуваат од делот на космосот каде околу екстрасоларната ѕвезда Глиес 581г орбитира црвена џуџе ѕвезда.”
Ејм истакнува дека професорот Стивен Вог професор по астрономија и астрофизика на Универзитетот во Калифорнија) веќе објавил дека Глиес 581г била во зоната на ѕвезди погодни за живот и тврди дека “со дадената сеприсутност и склоност на животот сам по себе да вирее секаде каде е возможно, би рекол дека моето лично чувство е дека шансите за живот на оваа планета се стопроцентни. ”
Др. Батал е член на Австралискиот дел од СЕТИ (Search for Extra-Terrestrial Intelligence), која е непрофитабилна научна организација која спроведува истражувања, едукација и проучувања во областа на астробиологијата и егзобиологијата ( истражување за облици на живот во вселената). За пронаоѓањето на редок извор на енергија во декември 2008, тој изјави:
“При набљудување на еден од објектите, ние го откривме овој сигнал. Го пронајдовме овој многу силен сигнал, нешто како ласер, што е токму она што ние го баравме- многу јака транзитна волтажна или струјна варијација“.
Иако, постојат скептици во научната заедница, меѓу кои и СЕТИ пионирот проф. Франк Дрејк, поранешен директор на Арецибо радио телескопот во Пуерто Рико, кој изјави дека треба да види факти првен, и дека сигналот е збунувачки.
Првенствено, сигналот беше најден две години пред пронаоѓањето на изворот – планетата Глиес 581г и пред пронаоѓањето дека околу ѕвездата орбитираат планети (ова е изнесено и претставено пред Националната научна фондација во САД од професорите Вогт и Пол Батлер од Институцијата Карнеги, Вашингтон во септември оваа година).
Второ, ова е премногу невообичаен сигнал кој доаѓа од планета погодна за живот два пати поголема од Земјата. Сепак, еден факт постои и станува се повеќе и повеќе очигледен, надминувајќи ги сите останати: Ние не сме сами.