Нови теории за настанувањето и исчезнувањето на универзумот.
Група физичари од САД и Јапонија дискутираа дека според нивните проценки, има 50 % шанса дека времето ќе престане да тече во наредните 3.7 милијарди години. Сепак, други теоричари се екстремно скептични во врска со овие заклучоци, нарекувајќи ги авторите “софисти”.
Универзумот бил формиран пред 13 милијарди години како резултата на Големата Експлозија и од тогаш константно се проширува. Исто така, сите податоци од космосот кој можеме да го набљудуваме покажуваат дека ширењето е забрзано, што значи дека универзумот ќе се шири неограничено.
Рафаел Бусо од Центарот за теоретска физика на Универзитетот во Калифорнија, Беркли и неговите колеги дискутираа за оваа идеа. Во нивниот натпис објавен во електронската библиотека на Университетот Корнел, тие тврдат дека неограниченото проширување на универзумот не може да постои затоа што законите на физиката не постојат во бескрајниот простор. За овие закони да имаат барем малку смисла, универзумот мора да биде конечен, и тие ја пресметале најверојатната дата кога ќе заврши.
Бескрајното ширење на универзумот има неколку важни последици. Било кое случување, кое има не нула веројатност, ќе се повторува бескрајно, тврдат научниците. Но доколку постои одреден број од секоја можна обсервација, станува невозможно да се одреди веројатноста на било кој настан. Законите на физиката едноставно не можат да се применат во ваква ситуација.
Авторите на студијата велат дека едиствениот излез од оваа загатка е да се претпостави некој вид на катастрофа која што ќе го уништи универзумот. Тогаш сите можности повторно ќе добијат значење и физичките закони повторно ќе ја вратат својата моќ. Неверојатно е дека времето ќе стигне до својот крај во нашето време, но сепак постои 50 % можност дека времето ќе запре во следните 3.7 милијарди години. Ова значи дека крајот на времето ќе се случи во животниот век на Сонцето и Земјата.
Како и да е, Рафаел Бусо истакнува дека и покрај тоа што не се знае каква катастрофа ќе доведе до крајот на времето, човештвото нема да може да посведочи за тоа . Со други зборови, човештвото толку брзо ќе исчезне во катрастрофата што нема да има можност да го види нејзиниот удар.
Други теоретичари се ектремно скептични на неговата работа. “Тој е приврзаник на софизмот, модерен Зенон”, вели Алексеј Старобински, главен истражувач на Институтот за теоретска физика во Ландау. Според него, изјавите на авторите дека ако дојде крајот на времето и не може да се набљудува со нормално човечко разбирање значи дека не постои крај на нашето време.
Старобински подвлекува дека Бусо и неговиот тим не ја разбрале фразата “бескрајно ширење на универзумот”.
“Не смее да се разбере буквално, туку со високо филозофско чувство – како што ја разбираме тезата “материјата е вечна”. Но, нашиот универзум, (или попрецизно оној дел што може да се види) во минатото беше на стапката на растење до ограничен период од времето “, изјавил научникот.