Усовршен антиоксидансот кој спречува стaреење

Владимир Скулачов го усовршил антиоксидансот кој го успорува стареењето.

Рускиот научник и професор на институтот за физичко-хемиска биологија на универзитетот "Ломоносов" го усовршил антиоксидансот кој го успорува стареењето и досега илјадници доброволци се пријавиле да учествуваат во клиничките испитувања кои биле неодамна започнати. 

За време на истражувањето кое траело четири децении, овој научник го проучувал процесот на стареење и заклучил дека кислородот во човечкиот организам во 99 проценти од случаевите се трансформира во не штетна вода, а еден процент во токсичен супероксид.

За борбата со овој супероксид Скулачов го усовршил "подмладувачкиот" антиоксиданс. 

Одредени тестови спроведени на лабараториски глувци покажале дека единките кои биле третирани биле повеќе енергични за разлика од другите врсници, пренела агенцијата РИА Новости. 

После тестовите на глувците, и самиот руски научник го применил овај препарат како капки за очи. За само шест месеца користење на овие капки, тој успеал да ја излечи катарактата која му била дијагностицирана од офтамолозите. 

Коментирајќи го изумот на рускиот научник, професор на Университетот "Рокфелер" и добитник на Нобеловата награда Гунтер Блобел, изјавил дека "резултатите се сосем реални, затоа што е докажана огромната штетност при процесот на оксидација, но ние немаме таков оксиданс како што има Скулачов".

 Бобел смета дека професорот Скулачов несомнено е најдобриот светски биохемичар и биоенергетичар. 

Скулачов очекува после двегодишните лабараториски испитувања, при кои ќе ги елиминира сите несакани ефекти, ќе може да започне со комерцијално производство на препаратите "Макропулос". 

"Очекуваме дека на крајот ќе ги убедиме луѓето дека една таква таблета ги елиминира многуте проблеми кои доаѓаат со годините. Доколку државните органи ја прифатат оваа логика, можен е почеток на продажбата на лекови против стареење", очекува Скулачов. 


Bookmark and Share Објавена на: 16/09/2010 09:27

 
 

Време

Last update 18/05 22:49