Стивен Хокинг се предомисли за можната улога на Бог во создавањето на Универзумот.
Големиот почеток беше резултат на неизбежните закони на физиката и Бог не беше потребен да го започне создавањето на универзумот, заклучи Стивен Хокинг, еден од најистакнатите научници на светот.
Научникот трвди дека при создавањето на Универзумот божествена сила не беше потребна. Во неговата последна книга, The Grand Design, Хокинг пишува: “Затоа што постои закон како гравитацијата, Универзумот може и ќе се создаде од ништо. Спонтаното создавање е причина дека сепак нешто постои, наместо ништо да не постои, зошто Универзумот постои, зошто ние постоиме.”
Тој уште додава: “Не е потребно да се повикуваме на Бог дека го предизвикал создавањето на Универзумот.”
Во Кратка историја на времето, досега неговата најпозната книга, професорот Хокинг не ја исклучи можноста дека Бог ставил рака во создавањето на светот.
Во 1988 Хокинг напиша: “Доколку ја откриеме комплетната теорија, тоа би значело ултимативен триумф на човековот поимање – затоа што тогаш ќе ја дознаеме суштината на Бог.”
Во неговата нова книга тој ја отфрла теоријата на Исак Њутн дека Универзумот не се создавал спонтано, туку бил ставен во движење од Бог.
Во јуни оваа година професорот Хокинг изјави дека не верува дека “личен” Бог постоел. Тој рекол: “Прашањето е: дали начинот на кој што започнал Универзумот е избран од Бог, од причини кои ние не можеме да ги разбереме, или беше одреден од законите на науката? Јас верувам во второто. Ако сакате, научните закони можете да ги наречете Бог, но тоа нема да биде вашиот личен Бог, кого можете да го сретнете или да му поставите прашање. ”