Оваа година климата ја покажа својата сурова страна. Страдаа Русија, Пакистан, Кина...

Пожарите во Русија однесоа преку 50 животи, а поплавите во Пакистан погодија стотина илјади луѓе. Сите овие катастрофи имаа врска една со друга, а експертите се обидуваат да ја уврдат точната природа на овие врски и да ги предвидат новите катастрофи.
Жештините во Русија, потопот во Пакистан, одроните во Кина – дури и експертите се зачудени од климатските екстреми во изминатите недели. Рускиот физичар Владимир Рјабинин смета дека ситуацијата е невообичаена.
Рјабинин е соработник на Програмата за проучување на светската клима во Женева: “Во текот на жешкиот бран во Москва дури 22 пати е забележана рекордно висока температура, во Пакистан паднаа неверојатни количества дожд. Националните метеоролошки служби сега се обидуваат да ги утврдат причините – моментално за нив може само да се нагодува.”
Во британската метеоролошка служба “Met Ofis” велат дека ова лето била пореметана циркулацијата на воздухот е дека таканаречениот џет стрим, висинскиот ветер на средните географски ширини, со недели бил блокиран. Нормално е воздухот да струи од Запад кон Исток. Таквото струење ова лето оневозможи исклучително стабилно поле на висок воздушен притисок, така што висинскиот ветер се помести повеќе на Југ. Така ладниот воздух од средните географски ширини се најде над топлиод и влажен монсунски воздух – и оттука толку дожд во Јужна Азија.
Се очекуваат уште појаки монсуни

“Заради временската ситуација во Русија воздухот немаше можност да се помести од областите кои беа погодени од екстремно монсунски дождови”, објаснува Рјабинин и додава дека се има врска со глобалната промена на климата: “Според светскиот извештај за климата од 2007 година, поголема е веројатноста дека се почесто ќе доаѓа до екстремни временски прилики. Случувањата чии сведоци сме се вклопуваат во таа прогноза.”
Монсунот кој го погоди Пакистан би можел да биде уште поекстремен, предупредува физичарот Андрес Леверман од институтот за истражување на климата во Потсдам: “Заради глобалното затоплување можеме да очекуваме посолни монсуни – на тоа укажуваат сите модели. Дождовите ќе бидат се поекстремни и тоа доведува до одрони.”
Следната недела во Женева и САД ќе се сретна експерите кои ќе се обидат да утврдат зошто времето ова лето беше такво какво што беше и дали е возможно во иднина попрецизно да предвидат екстремни временски прилики.