Потврдена е нова галактичка теорија

Научници ја потврдија теоријата дека малите галаксии се абсорбирани од поголемите.

Научници од Макс Планк Институтот за астрономија во Германија штотуку објавија ново истаржување покажувајки емипириски факти што ја докажуваат познатата теорија како спиралните галаксии се спојуваат со џуџестите галаксии.  Тие велат дека сакаат да го прошират ова техничко истражување подалеку во универзумот.  

"Кога многу мала галаксија ќе падне во поголема галаксија, таа орбитира, се проширува и евентуално се разложува со што очекувате да видите течение на облаци или други честици на помал степен на видливост", изјави Миша Ширмер, астроном на Университетот во Бон, во интервју за Дојче Веле. Тој е еден од авторите на анализата, која е објавена во октомвриското издание на Astronomical Journal.

Тимот во Европа и Америка користеше телескопи во Австралија и САД со кои можеле да ги набљудуваат осумте спирални галаксии оддалечени и по 50 милиони светлосни години за да ги пронајдат овие мали "облаци" во космосот.

Шример додаде дека досега немало систематски истражувања за вакви галактички интеракции. 

"Звучи помалку смешно", изјави тој." Некој можеби мисли дека ова е добро позната теорија. Но бидејќи овие мали галаксии се толку слабо видливи, дури сега во последните неколку години ние можеме да ги видиме". 

Според астрономите, и нашиот Млечен Пат, кој е исто така спирална галаксија, има абсорбирано мали џуџести галаксии на истиот начин. Но Шример исто така изјави дека Млечниот Пат е тежок за набљудување, затоа што Земјата е дел од Млечниот Пат. 

"Ние знаеме дека нашата галксија има своја историја на вакви спојувања", тој изјави. "Но нашиот став е дека е поразлично да се види како изгледа тоа тродимензионално. Кога гледата на поголема дистанца, работите се многу појасни". 

 

Други научници во ова поле изјавуваат дека сега студијата е потврдена и со емпириски факти, нешто што порано било само теорија. 

"Ова е неверојатно подобрување во нашето разбирање за галактичките интеракции", изјави Елиас Бринкс, професор по астрономија на Университетот во Хертфордшир во САД. 

Ширмер додаде дека следен чекор е да се  потврдат нивните резултати со употреба на големи телескопи насочени уште подалеку во космосот. 

"Ние велиме дека оваа дистанца од 50 милиони светлосни години не е ништо", изјави тој. "Интересно е штом имаме стаистички податоци за локалниот волумен и колку често овие интеракции се случуваат, ќе сакаме да истражиме подлабоко. Дали има повеќе или помалку? Како тоа можеме да го споредиме со теоријата?"


Bookmark and Share Објавена на: 14/09/2010 10:49

 
 

Време

Last update 18/05 22:49