Марс можеби не е безживотен

Доведено е во прашање постоењето на живот на Марс, според научните истражувања.

Молекули богати со јаглерод, кои се основни за живот,постојат на Марс, објавија научниците со што се доведе до прашањето дали оваа планета е навистина безживотна, пренесува Би-Би-Си.

Кога два вселенски брода од типот „викинг“ на американската НАСА во 1976 година земале примероци од земјата на Марс, научниците не пронашле докази за постоење молекули богати со јаглерод или каков било вид од биологијата.

По откривањето на Феникс Марс лендер на хемикалии кои содржат перхлорат во арктичкиот регион на Марс во 2008 година, научниците морале повторно да работат на оваа тема.

Тие ја помешале земјата со перхлорат и ја загреале мешавината. Настанал гас кој содржел карбон-диоксид и траги од хлорометан и дихлорометан, исто како кога во 1976 година леталото слетало на Марс.

Утврдено е дека овие хемиски реакции потполно ги уништуваат сите органски состојки на земјата.
„Нашите резултати покажуваат дека не само органски, туку и перхлорати, можеби постојат на земјата на Марс на локациите каде слетале викинзите“, изјавил водачот на студијата Рафаел Наваро Гонзалес од Националниот универзитет во Мексико.

Сето ова дава можност за нови откритија за кои истражувачите предупредуваат дека е прерано да се донесе заклучок за тоа дали некогаш на Марс имало живот.
„Ова нам не ни кажува ништо за тоа дали на Марс имало живот или не, но може да има големо значење за начинот на кој ги прегледуваме доказите за да добиеме одговор на тоа прашање“, рече Крис МеКеј од Истражувачкиот центар на НАСА во Калифорнија.

Перхлоратот, кој претставува јон од хлор и киселина, можеби постоел на Марс пред милијарди години, но се манифестира само кога температурата ќе се покачи и кога се уништуваат сите органски материи во земјата.
Кога научниците ги испитувале податоците од мисијата „викинг“, сметале дека органските соединенија кои во себе содржат хлор доаѓаат од течноста со која се чистеле леталата.

Во овој момент не е познато дали овие органски молекули потекнуваат оригинално од Марс или на црвената планета ги донеле метеорите.

Bookmark and Share Објавена на: 07/09/2010 09:58

 
 

Време

Last update 18/05 22:49