Французите живеат најквалитетно

Според истражување британците имаат најнизок квалитет на живот.

Студија изработена за квалитетот на животот меѓу десет европски нации, покажа дека квалитетот на животот во Велика Британија е еден од најлошите во Европа.

Истражувањето е направено на животните трошоци, примањата, животниот век, здравствената состојба, должина на работен век, празниците и сончеви денови и врз основа на тоа е заклучено дека цитањето на овие инфомрации за луѓето од островот е депримирачко.


Ситуацијата е дотолку лоша што секој трет размислува дека е добро време да се емигрира. А идеална дестинација за тоа е Франција.

Французите уживаат најдобар квалитет на животот во цела Европа според истражувањето направено врз десетте водечки европски нации. 

Ова истражување своите заклучоци дека Франција е најдобрата земја за живот ги базираше врз категориите долговечност, рано пензионирање и трошоците за здравствени услуги, а во другите категории е многу блиску до врвот.


Истражувањето покажа дека цената на потрошувачката кошница во Велика Британија е 137.13 фунти, во Шпанија 121.81 а во Франција дури 119.57 фунти.

На гориво британските возачи трошат во просек по 1.179 фунти за литар наспроти французите кои просечно плаќаат по 98.2 пени во Франција.


Трошоците за безоловно гориво, електрична енергија, алкохол и цигари во островската земја се над европскиот просек.

Просечната возраст за пензионирање во Британија, 63.1 е четврта највисока во Европа, и можно е уште повеќе да расти. Уште само ирците, холанѓаните и шваѓаните работат до подоцнежни години.

Франција, Шпанија, Германија, Холандија, Шведска и Италија уживаат подолг старосен век отколку во Англија, каде просечниот животен век е 79.16.

Работниците во Англија имаат најниски права за одмор во Европа, 28 денови наспроти европскиот просек 34.4.


Франција, која е прва две години под ред, може да се пофали со најраната возраст за пензионирање со 59.3 години, троши најмногу за здраствено осигурување и има највисока старосна граница со 81.09 години.  Вработените исто така уживаат со 36 дена за одмор во годината, и е единствено победена од Шпанија и Италија во однос на бројот сончеви денови годишно. Бројот на сончеви часови во Британија изнесува 1 476 наспроти 1 967 во Франција и 2 665 во Шпанија. 

Историски, британците можат само да се пофалат со највисокиот заработувачка во Европа во однос на другите негативни споредби. Но ова повеќе не е така. Заработувачката на едно семејство во Британија е 32 172 фунти после плаќањето на данокот споредено со 39 997 фунти во Данска, 41 130 фунти во Холандија и 44 955 фунти во Ирска. 

Во однос на парите кои се трошат за образование и здравствени услуги, Британија не котира на високите позиции. Велика Британија е под европскиот стандард, а на образование се троши единствено исто и во Полска. 


Полјаците се рангираат на четвртото место на индексот за квалитет на животот во Европа, спроведено од сервисот за споредба на цените uSwitch.com. Велика Британија се наоѓа на деветтото место, а последна е Ирска на десетото. 

Директорката на сервисот, Ан Робинсон изјави:”Минатата година во споредба со нашите европски соседи бевме мизерни, но богати”. 

“Оваа година сме мизерни и сиромашни. Со примања со кои не можеме да ја престигнеме инфлацијата, веројатно е дека не чека долг пат до овозможувањето на квалитетен живот каков што уживаат луѓето во другите држави”. 


Bookmark and Share Објавена на: 22/09/2010 13:07

 
 

Време

Last update 18/05 22:49