Ретките метали се клучни фактори за технолошкиот напредок на Европа.
Како што светот
станува се повеќе зависен од технологијата, се зголемува и зависноста од ретки
метали и минерали.
Европската унија подготвува стратегиски план за да обезбеди долготрајен увоз на овие потребни материјали. . Малку е познато дека доколку Европа сака да остане во технолошко производствениот бизнис, таа ќе мора да увезува 40 ретки метали и минерали. Тоа е и загрижувачки факт бидејки многу од материјалите кои се користат во производтвото на мобилните телефони или штедливите лампи се во лимитирана продажба или намерно држени на ниско ниво од срана на Кина.
Според ЕУ комисијата, 14 од овие ретки метали, се особено ретки и или се наоѓаат само во Кина или се ископувани за нереални цени на некое друго место.
Додека Кина го контролира патот на овие метали на светскиот пазар, Гвеноле Козигоу, главниот директор за хемиски, метални, дрвни и текстилни индустрии, е загричен за политиката на Пекинг.
Тој изјави дека иако преговорите со Кинеската влада за овие комодитети се во тек, странските купувачи се приморани да ги преработуваат ретките метали во полуготови производи.
"Кина сака да изгради индустрија и тоа е сосем прифатлива цел, но доколку се прекршени некои трговски регулативи ние ќе превземеме одредени акции", изјави Козигоу. Во овој случај тоа значи здружување со САД и Мексико и вмешување на трибуналот на Светската Трговска Организација.
Хубертус Бардт, експерт за ретки материјали од Институтот за економски истражувања во Келн, изјави дека ЕУ треба да се осигура дека Кина нема да го експлоатира својот монопол.
"Секој може да се закани да воспостави извозни рестрикции на кинеските производи, но никој не го сака тоа и тоа може да ни наштети и на нас", изјави тој."Но секогаш постојат нови трговски преговори и политички дискусии, и важно е да ги искористиме нив за да го решиме овој проблем".
Ова е проблем за кој тој верува ќе се влошува, затоа што нациите стануваат позависни од било кога од технологијата.
Постојат одредени индикации кои покажуваат на пораст во побарувачката за овие ретки материјали, изјави тој. Првенствено постои огромен индустриски раст во Кина, Индија и Бразил како и технички напредок како соларните панели и замената на другите видови на енергија со електирчна.
Улогата на земјите во развој
Освен влегувањето во преговори и воспоставување на политички притисок за осигурување на овие ретки материјали, ЕУ исто така соработува со други земји во развој за кои е познато дека имаат резерви од овие ретки материјали.
Европската Унија веќе започна преговори со Африканската Унија, но како што Козигоу потенцира, ова не претставува помош за развој во замена за ретки материјали. Една од овие држави, Демократската Република Конго има депосити на колтан.
"Африканските држави мора да разберат дека екстракцијата на овие ретки материјали по фер цена е погодна и за нивениот развој", изјави тој, додавајки дека тоа е единствениот начин за да се привлечат европски инвеститори.
Но Бардт рече дека има место и за помошта за развој, доколку тоа им овозможува на државите со резерви да воспостават пазар и институции кои што на крајот би и биле од корист за Европа.
Време за рециклирање
Според ЕУ истаржувањата , Пекинг ги пласира овие посакувани материјали на пазарот преку агресивно купување на странски рударски компании и земја и преку донации на релевантни политички режими. Експертите изјавуваат дека тоа претставува проблем, бидејки дека многу малку рударски компании кои ископуваат вакви ретки материјали се останати во светот.
Европската Унија веќе финансира и подржува научници кои бараат вакви материјали и инсистира на рециклирањето на делови од мобилни телефони, телевизори и автомобили.
"Ние имаме свои рудници низ градовите во Европа",Казигоу изјави, додавајки дека ЕУ моментално работи на одредени рестрикции кои се однесуваат на извозот на електорнскиот потрошен материјал и автомобилскиот отпад."Тоа што порано се сметаше за електорнски отпад, ЕУ сака да го претвори во потребни сурови материјали".