Алберт Рохан: Сите членки на ЕУ да го признаат Косово

Алберт Рохан, поранешен заменик на специјалниот пратеник на ООН за Косово, Марти Ахтисари побара петте земји членки на ЕУ, кои се уште на ја признале независноста на Косово, Грција, Романија, Словачка, Шпанија и Кипар да го направат тоа затоа што треба да се на иста линија со мнозинството.



Рохан за виенскиот дневник „Ди прес“ вели дека „заедничкиот став ќе ја стави ЕУ конечно во позиција да ја одигра улогата што треба да ја има на Балканот и да им олесни на српските политички лидери да ја прифатат реалноста за косовската држава“.
Според Рохан ниту Косово, ниту Србија не можат да очекуваат зачленување во ЕУ се додека не ги нормализираат односите.

Bookmark and Share Објавена на: 25/07/2010 11:27