Албанската мафија тргува со бело робје од Србија

Српскиот културно информативен центар (СКИЦ) во Виена предупреди дека албанските криминалци масовно тргуваат со бело робје од Србија и ги обвини надлежните полициски и правосудни органи на Aвстрија за пасивност и затварање на очите пред организираната трговија која непречено ја врши албанската мафија.

СКИЦ тврди дека не е возможно полицијата да не е запознаена за оваа појава, наведувајќи дека од Косово пристигнуваат српски девојќи, киднапирани во Србија, кои албанските мафијаши ги принудуваат со лажни документи на проституција, под строг надзор на криминалци и макроа, сред австриската престолнина.


"Јавна тајна е дека во бројните јавни куќи во Виена, од вкупниот број на проститутки, најголем процент – дури 70 отсто, се девојќи од Балканот, а меѓу нив најбројни се киднапираните несреќнички од Србија кои се насилно натерани во Виена да се занимаат со најстариот занает на светот” – тврди СКИЦ.


Претседателот на СКИЦ, Петар Милатовиќ – Острошки, ги повика сите останати српски организации и здружанија, како и дипломатското и конзуларно претставништво на Србија и Виена, да го кренат гласот на цивилизиран протест бидејќи трговијата со луѓе од Србија е “масовен криминал кои не смее да се премолчува, а секое премолчување ќе биде протолкуванно како соучесништво”.  


“Австриските полициски и правосудни органи се должни под итно да реагираат бидејќи на тоа ги обврзуваат австриските закони и Уставот, како и меѓународните и европски стандарди кои Австрија е должна да ги почитува и спроведува, бидејќи е полноправен и одговорен член на ЕУ” – заклучува Милатовиќ.

Bookmark and Share Објавена на: 26/07/2010 14:23