БАЊА ЛУКА: Шестгодишно дете почина од западнонилската треска

ДРАМА ВО СПЛИТ: Маж се заканува дека ќе ја дигне зградата во воздух

ВЕНИЗЕЛОС: Нашата позиција за името е јасна

КОСОВО: Се очекува финансиски колапс во 2015

28/06/2013 - 21:43

АЛБАНИЈА: Еди Рама премиер, а Илир Мета прв парламентарец

Лидерите се договориле само за своите функции, а работна група ќе прави план за работа во првите 300 дена

Еди Рама и Илир Мета, лидерите на двете најголеми политички партии во Албанија, Социјалистичката и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“, на денешната прва средба се договориле само за функциите кои тие ќе ги заземат.

Рама ќе биде новиот албански премиер, додека Мета ќе биде прв парламентарец. Тие се договориле и во новата влада да бидат опфатени и другите партии од коалицијата.

На два и пол часовната средба двајцата лидери одлучиле да се формира работна група која ќе подготви план за работа за првите 300 дена.

На изборите од 23 јуни колацијата обезбеди 84 пратенички места, 66 социјалистите, 16 ЛСИ и по еден Демохристијанската партија и партијата на Грците, Партија за заштита на човековите права. Коалицијата „Алијанса за вработување, благосостојба и интеграција“ предводена од Демократите на Сали Бериша, а во која беше и единствената македонска паритја, МАЕИ, освои 56 места, од нив демократите имаат 49 пратеници, Партијата на Чамите четири и Републиканската партија три пратеници.

(Телеграф.мк/МИА)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*