АЛБАНИЈА: Фатос Нано се враќа на политичка сцена

Собранието на Република Српска го оспори Дејтонскиот договор

Грција се надева на договор со кредиторите до крајот на април

Словенија бара Србија да го врати културното наследство од времето на Југославија

03/10/2013 - 07:44

Мимоза Кусари поднесе оставка, сака да стане градоначалничка на Ѓаковица

На изборите се пријавија 105 политички субјекти, 33 политички партии, две коалиции, 53 граѓански иницијативи и 15 независни кандидати. Една третина од нив се српски кандидати

Косовската министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари-Лила поднесе оставка на функцијата на која се наоѓаше во изминатите две години. Причина за тоа е нејзината кандидатура за градоначалник на Ѓаковица, на престојните локалани избори.

Соопштувајќи ја одлуката, таа истата ја оцени како праведна.

- Сметам дека оставката е најдобрата можна одлука поради почетокот на изборната кампања, поточно поради почетокот на трката за градоначалник во Ѓаковица – изјави Лила.

На новинарско прашање дали повторно ќе биде министер, таа рече дека многу повеќе ја сака општината во која е кандидат за градоначалник.

- По идните парламентарни избори, кога и да бидат, или по еден определен период, на почеток целта ми е да бидам градоначалник на Општина Ѓаковица, а за останатото ќе видиме – изјави Кусари-Лила.

Локланите избори на Косово ќе се одржат на трети ноември. На изборите се пријавија 105 политички субјекти, 33 политички партии, две коалиции, 53 граѓански иницијативи и 15 независни кандидати. Една третина од нив се српски кандидати.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*