МИЛАНОВИЌ ДЕЦИДЕН: Хрватска не треба да размислува за девалвација на куната

Циклонот „Реа“ надвисна над Балканот (ФОТО)

Бугарија трпи загуби поради санкциите на ЕУ и поради контрамерките на Русија

СРБИЈА: Свинскиот грип ја зеде втората жртва, почина бремена жена

03/02/2014 - 12:42

КОСОВО: Лидерот на ДСК, Мустафа, има телефон од 14 илјади долари

Во изјавата за имотната состојба за 2013 година, Иса Мустафа, освен куќа, земјоделска површина, Институтот „Риинвест“ и некои банкарски заштеди во банки во Косово, не наведува друг имот

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово и поранешен градоначалник на Приштина, Иса Мустафа, кога го доставувал имотниот лист до антикорупциската агенција се чини заборавил нешто. Можеби е нешто мало, но вредноста му е многу голема.

На фотографијата што ја поседува порталот „Индексонлајн“, Мустафа во рацете држи мобилен телефон марка „VERTU CONSTELLATION GOLD“. Со брзо пребарување на „Гугл“, порталот дознал дека ваков вид телефон (употребен) чини околу 14 илјади долари.

- Привилегија да поседуваат ваков вид телефон имаат малку луѓе, повеќето од нив кои ја имаат таа среќа се милионери – се наведува во написот на порталот.

Во изјавата за имотната состојба за 2013 година, Иса Мустафа, освен куќа, земјоделска површина, Институтот „Риинвест“ и некои банкарски заштеди во банки во Косово, не наведува друг имот.

Во наредните денови „Индексонлајн“ ќе објави и други нешта што косовските политичари ги немаат пријавено во имотните листови.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*