ГЕРМАНЕЦОТ ПАТРИК: Благодарам за помошта да ја најдам Македонката

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ЖОЛТИЦА: Личната хигиена е најважна за избегнување на болеста

ЕПИДЕМИЈА НА ЖОЛТИЦА: Во Скопје регистрирани 66 случаи

Се проширува листата на лекови кои се на товар на ФЗОМ

02/11/2013 - 16:44

„Самун ем татлија“ првпат во Радовиш

Промоција на традиционалните автентични кулинарски специјалитети на Радовиш

Промоција на традиционалните автентични кулинарски специјалитети на Радовиш е целта на првото издание на манифестацијата „Самун ем татлија“. На 30-тина штандови што ги изработи општината, во централното градско подрачје посетителите ќе можат да ги вкусат самунот и татлијата, за чија подготовка се погрижија угостителите и сопствениците на фурни. Угостителите го изложија и самунот долг 4 метри и 40 сантиметри и татлијата тешка 1.000 килограми.

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов изјави дека манифестацијата уште од раните утрински часови е посетена од радовишани, од гости од државата и од збратимените градови.

- Не очекувавме одѕивот и посетеноста да биде толку голема. Татлијата што беше подготвена, тешка 1.000 килограми веќе е потрошена, рече Николов.

За да се одговори на побарувачката,  радовишани кои знаат да подготват татлија се упатија кон своите домови за да направат нови количини.

Посетителите и жителите на Радовиш изразија надеж дека оваа манифестација ќе стане традиција на градот.

Гостите  уживаат и во изворна народна музика,  а ангажиран е и оркестарот при МРТВ и Воениот оркестар. За оваа манифестацијата, Советот на општина Радовиш одвои 1.200.000 денари.

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*