СТРАЖА И МАВРОВО: Укината забраната за движење на тешки товарни возила

СДСМ го осуди нападот на кафулето „Дамар“

Позната причината за смртта на Британецот?

ЕУ не ја вклучи Македонија во јадранско-јонската магистрала

28/09/2013 - 21:16

ГРОМ ПАРТИЈА: Јакимовски избран за претседател

Граѓанската опција за Македонија од вечерва на македонската политичка сцена

Политичкиот лидер на новоформираната партија Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевче Јакимовски беше избран за партиски шеф на основачкото Собрание на ГРОМ што се одржа во Универзалната сала. Тој најави 30 илјадно членство до март идната година. Партијата преку партиските органи и претставници, ќе внесе вистина боја на црно-белиот свет, смета Јакимовски.

Главни приоритети на новата партија ќе бидат – правна држава, слобода во сите сфери, подигнување на стандардот, вистинска поддршка на економијата, земјоделството, здравството, образованието, протежирање на мултиетничкиот соживот, но и на спортот.

ГРОМ е против референдум за името и против какво било менување на името на државата Република Македонија. Согласни само со билатералната формула за решение за името – двете држави, Македонија и Грција, да се договорат за името со кое билатерално ќе комуницираат.

На основачкото собрание беа избрани и Централен и Надзорен одбор на ГРОМ. Оваа партија, како што претходно беше најавено, ќе учествува на претседателските избори закажани за наредната година.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*