ИЗВЕШТАЈ: Македонија има по двајца лекари на 1.000 жители

СОБРАНИЕ: Следниот петок ќе се одземаат пратеничките мандати

Состанок на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ

ДИПЛОМАТИЈА: Груевски годинава во авион поминал три дена, Иванов 13 часа

06/09/2013 - 14:10

ОГЛАС НА ВЛАДА: Кој сака да седи во управен или во надзорен одбор

Јавниот повик, кој ќе биде отворен до 25 септември, е прв ваков оглас, со кој јавно и транспарентно се бара од сите граѓани на Република Македонија, кои поседуваат определени способности и квалификации, да можат да аплицираат

Владата преку оглас ќе бара лица кои сакаат и имаат желба да бидат ангажирани во управни и во надзорни одбори чија ингеренција за именување спаѓа во директна или во индиректна нејзина надлежност. Во овој јавен повик се предвидени околу шеесетина позиции за членови на управни и на надзорни одбори, при што се опфатени повеќе институции, и тоа и од областа на енергетиката, ЕЛЕМ, Државната лотарија, Централниот регистар, поголем број институции од областа на социјалната политика, од областа на транспортот и од областа на здравството.

- Огласот, што ќе биде отворен до 25 септември, е прв ваков оглас со кој јавно и транспарентно се бара од сите граѓани на Република Македонија, кои поседуваат определени способности и квалификации да можат да аплицираат и да се стекнат со можност во соодветна процедура да бидат кандидати и да можат да бидат избрани и да партиципираат во надзорните и во управните одбори во рамките на државните институции – изјави денеска на прес-конференцијата, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

До 25 септември граѓаните можат да се пријават на јавниот повик пополнувајќи апликација објавена на веб-страницата на Владата, така што треба да испратат биографија, не поголема од пет страници и да ја назначат позицијата за која се кандидираат. Како поткрепа на биографијата би било добро граѓаните да достават сертификати или дипломи. Документите можат да бидат доставени директно до Владата на Република Македонија или, пак, на специјализираната е-пошта или адреса: upravninadzoriodbori@gs.gov.mk.

Ѓорѓиев потенцира дека на овој начин Владата уште еднаш демонстрира отвореност и им нуди еднакви шанси на сите граѓани на земјата.

(Телеграф.мк)

 

 

 

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*