ДОЈРАН: Рибарското гратче забрзано се гради, цените скокаат како во Охрид!

ВО МАКЕДОНИЈА: Само 1 отсто од домаќинствата осигурани од природни катастрофи

СТРУЈА: Во мај 1,4 отсто производство од ветерници

ВО БУНАРЏИК: Италијанска компанија ќе отвори фабрика

01/07/2013 - 17:25

„Албафон“ - нов мобилен оператор

Ќе почне да работи од следниот месец, а целна група се македонските Албанци

Албафон“ е новиот, четврти мобилен оператор во Македонија. Ќе почне да работи од август како виртуелен мобилен оператор, ќе ги користи мрежата и антените на „Оне“. Префиксот за повикување ќе биде 073.

Целна група се граѓаните во Македонија од албанско етничко потекло.

- Сметам дека сите три оператори во земјава се дел од европски компании што во матичните држави даваат услуги и сервиси на многу повисоко ниво. Тоа е практика и во другите индустрии – светски брендови кога ќе дојдат да работат во друга држава, ги спуштаат стандардите. Верувам дека со услугите и со стандардот што ќе ги понудиме ќе ги разбудиме од сонот. Ќе настојуваме да ги донесат услугите и продуктите што им ги даваат на корисниците во Германија, Австрија и во Словенија, притоа третирајќи ги Македонците како европски граѓани – рече Адриан Хоџа, извршен директор и претседател на Бордот на директори.

Агенцијата за електронски комуникации му додели милион броја на „Албафон“ за да работи на македонскиот пазар.

(Телеграф.мк/МИА)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*