НА МАДАГАСКАР: Се шири епидемија од чума

ЕБОЛА: Црниот биланс се искачи на 5.459 загинати

ТЕТОВО: Фатени петмина арамии

Црна Гора ќе ја усогласува надворешната политика со европската

01/10/2013 - 22:56

ПСИХОЛОШКИ ТЕСТОВИ: За нервозни нема место во администрацијата

Таканаречената тест-батерија ја полагаат само кандидатите за влез во државната и во јавната служба. Тие што се веќе вработени немаат обврска да полагаат

Администрацијата, приправниците за наставници и за професори во основните и во средните училишта од јуни годинава подлежат на психолошки тестови.

Преку тестовите се откриваат силните и слабите страни на кандидатите што конкурираат во државната администрација. Така се врши и главната селекција на лица погодни за одредена позиција.

- Се проверуваат социјалните особини на кандидатот и неговиот интегритет преку личната и професионалната свесност, совесноста, одговорноста, способноста за почитување правила, пристапот кон учењето и стручното усовршување, како и останатите психолошки особини во функција на процена на соодветноста на кандидатот за работното место во една од трите групи работни места, и тоа раководни, стручни и стручно-административни – велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Ќе ве тестираат само ако сте меѓу најдобрите тројца

Тестирањето го прави Агенцијата за администрација. Таканаречената тест-батерија ја полагаат само кандидатите за влез во државната и во јавната служба. Тие што се веќе вработени немаат обврска да полагаат психолошки тест, освен кога конкурираат на јавен оглас за повисоко работно место, појаснува директорката на Агенцијата за администрација, Жаклина Николовска.

(Фото: sxc.hu/brokenarts)

(Фото: sxc.hu/brokenarts)

Психолошки тест веќе полагале кандидатите за државни службеници во органите на централната и на локалната власт и кандидатите за јавни службеници во институциите на јавната служба.

Сепак, оттаму појаснуваат дека не е секој кандидат обврзан на психолошко тестирање. Само тројцата најуспешни кандидати за државни и за јавни службеници се тестираат. Тестирањата ги изведува „Виста“-ИСППИ, компанија која има ексклузивно право на сопственост, користење и спроведување на психолошките тестови со аспекти на интегритет на личноста што се тестира.

„Виста груп“ со тим психолози ги изготвува и ги евалуира тестовите за администрацијата и за приправниците за наставници. Мислењето за кандидатот врз основа на тестот го доставува до органот за кој кандидатот конкурирал. Институцијата подоцна ги зема предвид сите карактеристики на кандидатот и врз нивна основа донесува одлука дали ќе биде ангажиран или не.

Како ќе ги разделите две раскарани групи?

Секојдневни ситуации пресликани во училишните ходници и начинот на справување со нив се дел од случаите на кои идните наставници и професори мора да одговорат за да го поминат филтерот за вработување.

(Фото: sxc.hu/v_g)

(Фото: sxc.hu/v_g)

- Со психолошкиот тест очекуваме многу да се зголеми квалитетот во оцената на тоа кои личности може да работат со деца, а кои нe. Aко лицата не го положат психолошкиот тест, не може да продолжат со приправничкиот стаж, односно им се прекинува работниот ангажман – нагласи министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Со првото полагање беа опфатени наставниците и професорите-приправници во основното и во средното образование. Оваа година за психолошко тестирање се пријавија 516 лица, велат од Министерството за образование.

Тестовите содржат прашања за ситуации од секојдневниот живот, што соодветствуваат со карактеристиките од петфакторскиот модел на личноста – екстровертност, толерантност, совесност, невротичност и отвореност за нови искуства.

Психолошките тестови се користат како последна фаза на постапката на селекција на кандидати за државен или јавен службеник, и тоа исклучиво при нивното вработување.

(М.С./Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*